fbpx

Од Ипард 2 програмата придобивки имаат и физички и правни лица

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Коле Чаракчиев, претседател на ОО СДСМ Радовиш

Почитувани граѓани, со ипард програмата се овозможуваат европски можности за македонското земјоделство и руралниот развој.

Преку мерките од ипард и националните програми овозможуваме раст и развоj на: земјоделството, сточарството, пчеларството и руралниот развој…

 Корисници на бенефитите од ипард 2 програмата можат да бидат:

– физички лица

– правни лица (микро и мали претпријатија)

– задруги

 

Приоритетни сектори кои ги опфаќа оваа програма се:

• алтернативно земјоделско производство;

• производство на прехрамбени производи;

• производство на непрехрамбени производи;

• развој на занаетчиски активности;

• обезбедување услуги во земјоделството;

• развој на услуги во земјоделството;

• развој на услуги за руралното население;

• промоција на руралниот туризам;

• производство и продажба на енергија од обновливи извори.

 

Како најприфатливи инвестиции од оваа програма може да ги издвоиме :

❖  градба и реконструкција на објекти и друг недвижен имот;

❖ набавка или инсталирање на нови машини поврзани со прифатлива економска активност;

❖ набавка на наменски транспортни резервоари и приколки;

❖ набавка на повекегодишни дрвја и растенија;

❖ набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина;

❖ инфраструктурно уредување.

 

Економската одржливост на инвестицијата барателот може да jа докаже преку:

– тенички предлог-проект (за инвестиција до 50 000 €)

– деловен план (за инвестиција над 50 000 €)

висината на финансиската подршка изнесува 65% од вкупно прифатливите трошоци на инвестиција.

 

Минималната вредност на инвестицискиот проект е 1 500 €, а максималната вредност на вкупно прифатливите трошоци за инвестициски проект е 1 000 000 €

Почитувани граѓани, ние можеме, ние знаеме!

На прав пат сме!

Последни вести