Почитувани сограѓани, Детската заштита е на прав пат, продолжуваме со реформи кои обезбедуваат подобри услови за сите. Општина Ресен добива детска градинка според светски стандарди.
Градоначалникот Живко Гошаревски со Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска потпишаа договор со кој ќе се изврши адаптација на градинка во централното градско подрачје во близина на општинското основно училиште „Гоце Делчев“. Се грижиме за најмладите кои се наша иднина, на прав пат сме.
Целокупната вредност на адаптацијата на градинката ќе изнесува 12.792.000 денари, а средствата за овој грант се обезбедени со поддршка на Светска банка. Градинката ќе биде адаптирана според највисоки светски стандарди и ќе има капацитет од 120 деца. На прав пат сме како никогаш досега. Граѓаните се’и ќе останат наш врвен приоритет, ја унапредуваме детската заштита, се грижиме подеднакво за сите