Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните многу добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски е таа која со години е одлепена од реалноста, целосно загубена во сопствените лаги.
Пред повеќе од една година, во април 2020, ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека заради пандемијата 160.000 граѓани останале без работа а потоа си правеа весели математики и истураа бројки од ракав наводно биле загубени 100.000 па 140.000 па 60.000 работни места.
Реалноста е дека економските мерки реализирани од Владата предводена од СДСМ даваат резултат, реалноста е дека ВМРО-ДПМНЕ знае само да шири лажни вести.
Реалноста не е во соопштенијата од белиот дворец полни со лаги, туку во конкретната економска помош за спас на стотици илјади работни места и поддршка на домашната економија.