Интегрален текст, В.Филипче, Претседател на Комисија за здравство на СДСМ
Почитувани претставници на медиумите,
Почитувани присутни,
Како одговорна политичка партија докажавме дека грижата за пациентите е нашиот врвен приоритет, водејќи вистински политики во интерес на сите граѓани.
Од 1 октомври граѓаните на Република Северна Македонија имаат достапни лекови во кој било период од месецот.
Целосно ги укинавме квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава.
Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз овозможи достапни лекови за пациентите во секое време.
Мерката што ја најавивме во нашата изборна програма веќе е реалност, обезбедувајќи квалитетни здравствени услуги и лекови согласно потребите на граѓаните.
СДСМ е одговорна политичка партија затоа што го решаваме деценискиот проблем со недостатокот на лекови.
Во месец август почна првата фаза од укинувањето во аптеките во Охрид, Ресен, Струга, Дојран и Гевгелија.
Граѓаните на овие туристички места имаат редовен пристап до лекови во текот на целиот месец. Тие повеќе немаат страв дека може да останат без потребниот лек.
Нивната терапија е обезбедена и секој пациент е снабден со лекови согласно нивните реални медицински потреби, без да прават залихи на лекови во нивните домови.
Оваа мерка овозможи граѓаните да ги подигнуваат лековите во секое време, било тоа во почетокот, средината или кон крајот на месецот.
Доколку осигуреникот не може сам да го подигне лекот, тогаш го подигнува друго лице во негово име и тоа лице се легитимира со сопствената лична карта или пасош. На овој начин точно може да се провери во секое време дали лековите ги добиваат лицата на кои се препишани.
Почитувани,
Досега се подобрени условите во 10тина јавно-здравствени установи, а следува подобрување на условите во други 34 ЈЗУ.
За две години повеќе од 5000 согласности издадовме за вработување, а ги зголемуваме и платите на здравствените работници.
Водиме вистинска грижа за пациентите со ретки болести. Воведовме 5 нови лекови за овие лица и значително го зголемивме буџетот. Од 213 милиони денари, на 485 милиони денари.
Воведовме три нови инсулини. Дијабетичарите сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, а до пред 2 години, тие добиваа лекови без сертификат за квалитет и без никаков ефект.
Продолжуваме со политиките кои значат подобро здравје и подобар живот за сите граѓани.
Ви благодарам