fbpx

Мицкоски потврди дека е против здравствениот систем и интересите на граѓаните, новиот Клинички центар е најголемата инвестиција во историјата на македонското здравство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Христијан Мицкоски денеска уште еднаш потврди дека е против интересите на граѓаните против здравствениот систем и здравствените работници.

Заради лични мотиви Мицкоски преку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот со кој државата ќе добие нов Клинички центар после 80 години.

Мицкоски треба да одговори дали мотивите за ваквото негово однесување е тоа што новиот Клинички центар не се гради на имотот на Сергеј Самсоненко партнер на тајкунот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев?

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести за наводни криминали и скандали за да спречат капитален проект во интерес на сите граѓани и здравствениот систем.

Пред да каже било што Мицкоски треба да им се извини на граѓаните за сите штети што ги предизвикува неговата ВМРО-ДПМНЕ па дури потоа да се обиде да ја бара нивната поддршка.

На јавноста одамна и е јасно дека освен одбрана на криминал, лажни вести и деструкција ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не нудат ништо друго и затоа шест пати ги казнуваат на избори.

Последни вести