fbpx

Николовски за Сител: СДСМ е убедлив во промените и во победите, затоа сме фаворити на локалните избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во интервју за телевизија „Сител“ истакна дека детално преку системот за следење на работата на партијата, што се воведе се следи работата на градоначалниците и советите, но и на функционерите на државно ниво.

„Имаме евиденција дека околу 6400 проекти ветени од страна на нашите градоначалници и совети се испорачани, околу 4000 се во тек на реализација и околу 1900 што не се започнати и треба да започнат во останатиот период, соопшти Николовски.

Тој нагласи дека на претстојните локални избори СДСМ ќе излезе со чесна понуда и одговорни кадри, кои на анкетите ќе бидат најдобри.

„Ние кон крајот на месецот ќе преминеме и со штабска работа, ќе биде избран и централниот изборен штаб и ќе започне постапката за евидентирање и предлагање на кандидати за советници и градоначалници, најави Николовски.

Тој додаде дека во оваа постапка ќе се искористат сите модерни алатки, кои ги имплементираше СДСМ во изминатиот период, преку реевидентирање на над 80.000 членови, новите дигитални картички..

„Ќе овозможиме и членовите да се определат за кандидатите, но и ќе направиме истражување на јавноста и на тоа што мислат граѓаните за кандидатите“, истакна Николовски.

Генералниот секретар посочи дека ова освежување од Конгресот, ќе продолжи и при избор на кандидати за советници и градоначалници, но секако оние што покажале резултати, се докажале ќе имаат шанса, можност повторно да бидат кандидати.

„СДСМ е убедлив во промените и во победите, фаворити сме на локалните избори, според сите истражувања, кои ги прави партијата, но мораме да предложиме, а граѓаните да изберат чесни, одговорни и способни кандидати, порача Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во интервју за телевизија „Сител“.

Последни вести