Прес конференција, Вуко Мелов – член на ИО на СДСМ Кавадарци
Почитувани претставници на медиумите
Почитувани сограѓани,
ВМРО-ДПМНЕ тоне во криминал и корупција на сите нивоа во своите структури, почнувајќи од највисоко па се до најниско ниво.
Таков е и примерот за претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци Зоран Јованчев.
Учејќи веројатно од раководните структури на ВМРО-ДПМНЕ за кои се водат еден куп на постапки и обвиненија за разни злоупотреби, по тие стапки тргнал и Зоран Јованчев.
Имено претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци Зоран Јованчев по пријава од страна на граѓани, е фатен на лице место како краде вода за пиење од изворот Лукар, за наводнување на својот лозов насад во Ваташа.
Станува збор за лозов насад со број на парцела: 2126, со големина од 4.281 м2, кој Зоран Јованчев години наназад нелегално го наводнувал.
Човекот кој глуми “загрижен” лозар само кога неговата политичка партија е во опозиција, не само што не го штити јавниот интерес и јавните добра, туку истите ги злоупотребува за сопствени цели.
Почитувани сограѓани,
Ова е последен од низата примери за неодговорно и незаконско однесување на членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Ги повикуваме надлежните институции да спроведат темелна и ефикасна постапка за да се дојде до разрешница на овој случај.
Со ваквото однесување, Јованчев покажа дека не е достоен да биде советник и да ги застапува интересите на граѓаните.
Јованчев мора да си поднесе оставка од Советот во општина Кавадарци, а потоа низ отворена, законска и транспарентна судска постапка да одговара за своите дела.