fbpx

Економските мерки и политики дадоа резултат, просечната плата повисока за 6,8%

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Економските мерки и политики кои ги реализираше Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев даваат резултат.

Сите економски податоци потврдуваат: македонската економија е стабилна, жива, динамична и оди напред.

Платите континуирано растат и во услови на пандемија.

Така, просечната месечна нето – плата во март 2021 година изнесува 28.217,00 денари. За 6,8% повисока од истиот месец во 2020 година.

Покрај борбата со пандемијата ветивме економија – правда. Тоа испорачавме.

Повеќе пари во џебот на работниците е дел од концептот на СДСМ, парите кај граѓаните.

Дополнително, по цела година, за прв пат во месец март оваа година, е забележена сериозна стапка на раст на индустриското производство од 7,6%.

Раст од над 27,1 отсто има и индексот на прометот во индустријата.

Во првиот квартал од 2021 година, раст од 15,8 отсто има и надворешната трговска размена, а извозот во истиот период е зголемен за 18,1 отсто.

Покрај сите можни блокади од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, реализираните мерки дадоа резултат.
Соасивме повеќе од 100.000 работни места. Поддржавме над 400 000 граѓани и 35 000 компании.

Во домаќинствата и во компаниите директно се вбризгани над 65 милијарди денари.

Македонска економија оди кон стабилни и поголеми стапки на раст.

Сето ова ни дава за право да очекуваме уште добри економски вести за граѓаните, за компаниите, за работниците.

Последни вести