Соопштение за јавност
По повод 24 Мај, делегација на СДСМ положи свежо цвеќе и оддаде почит на браќата Св.Кирил и Методиј
Во чест на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј , основоположници на словенската писменост и култура, делегација на СДСМ положи свеќо цвеќе пред споменикот на патроните на првиот државен универзитет во Скопје, пред платото на УКИМ.
Со полагањето цвеќе, делегацијата составена од потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, претседателот на СДММ, Марко Михаилоски и членката на Извршиот одбор, Рената Јајоска, оддаде почит и благодарност за просветителска мисија на браќата Кирил и Методиј меѓу словенските народи и нивниот исклучителен цивилизациски придонес за Република Северна Македонија, Европа и светот.
Нивната мисија води кон создавањето на глаголицата, првата азбука, од која подоцна се создава кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.