fbpx

ВМРО-ДПМНЕ која го удвои јавниот долг за палми и споменици, може да учи како се инвестира во проекти важни за граѓаните и државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на прес-конференција на Гордана Димитриевска Кочовска од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека економските мерки реализирани од Владата предводена од СДСМ даваат резултат, дека во време на пандемија се спасени стотици илјади места и обезбедена е поддршка на домашната економија.

Затоа Гордана Кочоска Димитриевска, која се смета за економски експерт се обидува да ја манипулира јавноста, а нејзината партија остави пустош во економијата и во државата.

Граѓаните добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги крадеше граѓаните, преку коруптивни зделки, наместени тендери и договорени провизии.

ВМРО-ДПМНЕ за време на своето владеење го удвои јавниот долг и земаше скапи кредити за да финансира непродуктивни проекти каков што беше и проектот Скопје 2014. Стотици милиони евра народни пари потрошија за обезличување на Скопје, за лажен барок од стиропор, жални врби, палми, споменици, вртелешки, панорамско тркало од 20 милиони евра.

Додека граѓаните осиромашуваа, тие плаќаа скапи роуд шоуа, одеа по светот и рекламираа дека во земјата работната сила е евтина.

Автопатот Кичево-Охрид е целосно промашен и погрешен проект на ВМРО-ДПМНЕ, граден само за провизии. Додека собираа провизии не видоа дека патот е проектиран без клучки, не мислеа на тунели, квалитетот на подлогата и стабилноста на косините.

Инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ, се во енормно богатење на неколкумина на врвот на Белата палата.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ го краси неспособност, криминал, расипништво, провизии и договорени тендери за лично богатење. Затоа шест пати по ред ги поразуваат на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција.

Последни вести