fbpx

Спасовски: Остануваме посветени во борбата против криминалот и корупцијата, сите се еднакви пред законите,правда мора да им

Facebook
Twitter
LinkedIn
Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски придружуван од претседателката на ОО на СДСМ Габриела Ристеска и други членови на СДСМ учествуваше на маалска средба со граѓаните на Кичево.
 
На средбата  со граѓаните, се разговараше на повеќе актуелни теми, како економските, аграрните и други мерки преку кои се враќаат парите кај граѓаните,намалувањето на трошоците за живот, растот на платите, пензиите и социјалната помош. 
 
Спасовски пред присутните граѓани истакна дека непосредните средби со граѓаните се можност да се слушнат потребите, сугестиите и идеите  на граѓаните со цел решавање истите и овозможување на подобар живот за сите граѓани. 
 
Тој посочи дека земјата сега е пред многу важен период кога ги очекува отворањето на преговорите за членство во ЕУ и членството во НАТО кои имаат клучно значење за иднината на земјата.
 
Спасовски посочи дека сега е моментот кога државата треба  да покаже капацитет  во справувањето со криминалот и корупцијата како и дека секој кој е вмешан во некаков криминал треба да одговара без разлика на неговата етничка или политичка припадност. Законот е ист за сите и наша  обврска е да се расчистат сите случаи каде постои сомнеж за корупција и криминал. -додаде Спасовски. 

 
На маалската средба Спасовски се осврна и на успешните економски и аграрни политики кои даваат реални резултати. Но и на вложувањето во инфраструктурата, како изградбата на регионални, локални и експресни патишта . 
 
До овој момент, изградени и рехабилитирани се  преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра.-рече Спасовски.
 Тој потврди дека Владата предводена од СДСМ, во овој момент  инвестира преку 850 милиони евра во проекти во патната инфраструктура, а истовремено се гасифицира цела држава, се градат нови водоводи и канализации.
 
Спасовски истакна дека позитивната економска клима резултираше на раст на платите, нови работни места и намалување на стапката на невработеност на рекордни 17,8 отсто.
 
СДСМ како партија работи  одговорно и домаќински  и останува посветено да работи во насока на интересите на државата и граѓаните.
Последни вести