fbpx

Со ИПИ 2021-2017 инвестираме во капитални проекти во обновливи извори на енергија, се грижиме за здравата животна средина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Коле Чаракчиев, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е доследна во своите заложби да обезбеди чист воздух и здрава животна средина за сите.

Изминатите четири години забележано е значително намален степен на загаденост на амбиенталниот воздух како во Скопје, така и во останатите поголеми градови низ државата.

Тоа е резултат на успешните политики на Владата предводена од СДСМ, на постојаната замена на старото нееколошко загревање на индивидуалните објекти и објектите на јавните установи, како и на зголемените контроли и санкции кон загадувачите, но и во инвестициите во обновливи извори на енергија.

И не застануваме тука. Напротив, преку Интервентниот план за инвестции, во следните години интензивно ќе продолжат вложувањата во таканаречена зелена енергија, енергија добиена од еколошки, обновливи извори.

Пред нас е период кој позитивно ќе го трансформира македонскиот енергетски систем, насочувајќи го кон еколошките, обновливи извори на енергија.

Следува германска инвестиција за 400 мегавати ветерна електрана во вредност од 500 милиони евра, инвестиција согласно законот за стратешки инвестиции. Инвеститорот го достави целиот пакет на документација во Владата и веќе завршуваат финалните преговори.

100 мегаватна фотонапонска електрана во вредност од 70 милиони евра, ќе се гради о Осломеј, Кичевско.

Фотонапонски централи што веќе се реализираат или ќе продолжат со реализација се оние во Македонски Брод и во Свети Николе, а веќе пуштени во употреба се во Брвеница и регионот на Неготино.

Во тек е подготвка за веројатно најзначајниот проект а тоа е изградба на фотонапонска електрана со капацитет меѓу 300 и 350 мегавати фотонапонска електрана, веројатно една од најголемите или ако не и најголема на Балканот во вредност од 200 милиони евра која треба да се гради на локацијата претходно предвидена за карго аеродром во Штип.

Не ја запоставуваме и гасификацијата. Преку Електрани на Северна Македонија и Националните енергетски ресурси, државата се вклучи во проектот Александруполи. Вредноста е 400 милиони евра гасна електрична централа од 800 мегавати и 360 милиони евра терминал за природен гас. Нашиот удел е 10% во терминалот за природен гас и 25% во гасната централа во Александруполи во којшто ќе инвестираме 32 милиони евра.

Државата за првпат ќе добие и фабрика за производство на енергија од отпад, инвестиција од Луксембург вредна 336 милиони евра, со што ќе се стави крај на проблемот со депониите во нашата држава.

Ова почитувани, се само дел од проектите кои имаат за цел да го зголемат процентот на енергија добиена од обновливи извори и позитивно да влијаат на здравата животна средина. Секако, преку Планот следуваат и низа инвестиции во ветерни паркови, во пречистителни станици за отпадни води и канализациски системи.

Како одговорна партија продолжуваме со мерки и политики, со инвестиции за унапредување на енергетиката и квалитетот на животната средина.

Нека е честит 5 јуни – Светскиот ден за заштита на животната средина.

 

Последни вести