fbpx

Ниедна лага од белиот дворец не може да го покрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против здравјето на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ континуирано свесно, злонамерно и на штета на граѓаните ја опструира и блокира изградбата на нов Клинички центар и шири тешки невистини за наводен криминал.

Тврдењата на деструктивната партија предводена од Мицкоски дека во соседна Србија се гради Клинички центар за далеку помала сума се чиста лага, обид за манипулација на јавноста.

Во Град Скопје ќе се гради нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар од 110.000 м2., кој ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги кои ги исполнуваат сите современи стандарди во медицината и потребите на граѓаните.

Во Србија се реновира и опремува веќе изграден објект.

Ниедна лага не може да го покрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против здравствениот систем против здравјето на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат со барања алиби за блокадите и да се престројат на страната на граѓаните, а не да се спротивставуваат на се што е добро за граѓаните и за државата.

Затоа губат шест пати по ред на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција.

Последни вести