fbpx

Реновирани училишта во Неготино ги подобруваме условите во наставата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес –конференција, Стефан Вучковски , порптарол на ОО СДСМ Неготино

 

СДСМ СЕ ГРИЖИ ЗА ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС

Почитувани сограѓани,  СДСМ се грижи за образовниот процес во општина Неготино.

Откако СДСМ ја превзема власта во општина Неготино, се случија повеќе промени во училиштата како во градот така и во населените места.

Веќе две години општина Неготино, предводена од градоначалникот Тони  Делков доделува награди  за најуспешните ученици и нивните ментори од двете осовни и средното училиште во градот.

Со помош на Владата на Република Севера Македонија, општина Неготино   раздолжи  долг на СОУ „Св кирил и Методиј“  во износ од повеќе од 4  000 000 денари, долг направен во периодот на владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Во двете општински основни училишта и подрачните кои делуваат во нивен склоп, во средното училиште и во детската градинка во Неготино летниот распуст беше искористен за преземање на голем број активности за создавање подобри услови за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес.

Во овој момент ќе ги набројам следите активности :

Во ООУ,,Гоце Делчев,, обезбедени се нови клупи и столчиња за шесте училници кои се лоцирани на првиот спрат,т.е. 72 клупи и 144 столчиња,

поставени се нови 12 лед телевизори и 4 смарт ел.табли, 

рекоснтруирана е малата спортска сала, 

извршена е промена на старите врати и прозорци со поставување на нови алуминиумски профили и 4 сезонско стакло,

поставена е нова натстрешница на влезот наменет за учениците,

изградена е пешачка патека и нови скали со бекатон коцки за потребите на учениците, 

извршено е проширување на постоечкиот паркинг простор со обезбедување нови места за паркирање

Проектни активности се спроведени и во подрачните училишта кои делуваат во склоп на централното.

Па така, во училиштето во Д.Дисан извршено е партерно уредување на дворот и поставени се нови скали на влезот, 

санирана е оградата околу целиот објект, 

за прв пат од постоењето на училиштето во сите простории поставено е парно греење на пелети, 

извршено и комплетно обелување на училиштето.

 

 

 Во ПУ во Тремник извршено е преградување на една училница со што се создадени услови две паралелки истовремено да ја следат наставата.

Во ПУ во Курија изградени се нови влезни скали во училиштето.

Во ПУ во Тимјаник извршено е оградување на спортскиот терен.
 

И во ООУ,,Страшо Пинџур“ летниот период се искористи за спроведување на повеќе активности. Во самото централно училиште преземени се сите неопходни активности за подготвено да се дочека новата учебна година, а во новиот дел од училиштето обвновени се просториите во ходникот.

 Во ПУ во Црвени Брегови извршено е оградување на просторот околу училиштето, срушена е старата зграда и создаден е простор за складирање на огревот, а создадени се и услови за комплетно уредување на училишниот двор.

Во ПУ во Пепелиште извршени се подготовките за менување на стариот котел на дрва со негова замена со нов на нафта, оградено е спортското игралиште и поставени се трибини, како и осветлување на целиот простор.

Во ПУ во Криволак се изврши комплетно фарбање на оградата околу училиштето која доби нов и посвеж лик, а преземени се и други тековни активности вообичаени пред почетокот на учебната година.

 

Во СОУ,,Св.Кирил и Методиј“ и покрај тековната промена на старите и дотраени прозорци со нови за подобра енергетска ефикасност .

 

 Во ЈУОДГ ,,Фемо Кулаков“ летниот период се продолжи со реновирање на објектот Пролет со реализирање на повеќе активности.

Извршена е замена на стариот со поставување нов ламинат во една занимална, 

обелени се 6 занимални и ходници,

заменети се старите со нови врати во занималните и купатилата, 

извршено е и обновување и реновирање на патеките на влезовите со бекатон плочки, како и реновирање и санација на терасите во јаслениот дел. 

Набавени се нови шкафови за креветчиња во сите 9 занимални во објектот Пролет, набавка на креветчиња за јаслена возраст и Рекс креветчиња за децата на возраст од 2 до 6 години. Во фаза на поправка е надворешната лулашка во објектот Мајски цвет, оплеменување на просторот околу истата и набавка на реквизити за поставување во дворот на градинката за сите возрасни групи и во двата објекта, како и во групите во други просторни услови во Криволак, Пепелиште и Тремник. 

Заради зголемениот обем на работа, следува и набавка на електрични апарати за потребите во кујната.

 

Последната активност во насока на помгање на учениците и подобрување на условите за работа во училиштата беше активноста каде претседателот на Советот на општина Неготино, Диме Витанов,  заедно со директорот на ООУ Гоце Делчев ,Петар Мантев, доделија ранчиња и училишен прибор за првооделенците во 3 подрачни училишта и тоа во училиштата во Д.Дисан, Тимјаник и Тремник.

Почитувани граѓани СДСМ покажува како се води грижа за своите сограѓани. Како се сакаат инситуциите.  

Продолжуваме понатаму во подобрување на условите за живеење во општина Неготино затоа што за нас ЗБРОТ ВАЖИ.

Последни вести