fbpx

Преку мерката зелена нафта досега исплатени над 400 илјади денари во кумановскиот регион

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Катерина Пешиќ Бошковска – портпарол на ОО СДСМ Куманово

 

Почитувани,

Од почетокот на овој месец започна да се реализира една од клучните мерки од програмата на Владата, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Поделени се картички на земјоделци за користење на зелената нафта, односно за набавување на 30% поефтина нафта за земјоделска механизација.

Мерката ќе ја користат 55 000 земјоделци кои се регистрирани за обработка на градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади и оние кои поседуваат обработливо земјиште, а воедно кои поднеле единствено барање за субвениции по програмата за директни плаќања 2018 година.

Бројот на регистрирани земјоделци кои исполнуваат услов за картица за зелена нафта на подрајчето на ПЕ Куманово е 4040, од кои до сега 78 ги подигнале своите картички, со вкупна вредност од 428 525 денари.

Со оваа мерка, околу 200 милиони денари ќе завршат директно кај земјоделците. Пресметката за тоа, кој земјоделец колкава сума ќе има на картичката, зависи од видот на произвотството кое го пријавил за субвенционирање, при што минималниот износ за малите производители изнесува 500 ден. а највисокиот износ е лимитиран до 100.000 ден. Младите земјоделци ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина во период од 3 години.

Со расположливата сума од картичката, може да се точи исклучиво евродизел за земјоделска механизација, а крајниот рок за користење на средствата е април 2020 год.

Ваквата мерка е одговор на деценсиките проблеми на земјоделците, со која се покажува вистинска грижа за земјоделството. Зелената нафта обезбедува помали трошоци за работа, поконкурентно произвотство и повеќе пари за секој земјоделец.

Како одговорна партија остануваме посветени на мерките и политиките кои го развиваат и унапредуваат земјоделството кое е клучна стопанска гранка во државата. Зборот важи!

 

 

Последни вести