fbpx

Ангелова од трибината во Кочани: Постигнавме исклучителни резултати на локално и централно ниво, ја имаме формулата за најдоброто за секоја општина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеничката на СДСМ Марија Ангелова на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Кочани нагласи дека СДСМ докажа дека е партија којашто делува слушајќи го гласот на граѓаните, заедно со граѓаните креира мерки и политики што гарантираат развој и напредок.

Така и ќе продолжиме, вашиот глас ќе биде слушнат и уважен, во претстојниот период, во програмата за локалните избори, ќе влезе она што е најдобро за граѓаните, доаѓаат уште подобри денови за нашата општина, порача Ангелова.

Таа се осврна на минатата година, полна со тешки предизвици за Владата и за секој граѓанин, додавајќи дека и во услови на пандемија донесовме 6 пакета мерки за поддршка на стопанството и граѓаните, со кои се сочуваа над 100 000 работни места, по разни дополнителни основи, помогнавме над 400 000 граѓани и над 35 000 компании.

И покрај борбата со пандемијата од една страна и последиците на претходниот режим од друга страна, ние сепак постигнавме резултати за кои со гордост може да зборуваме, истакна Ангеова.

Таа наведе дека минималната плата е покачена, се зголемија платите на околку 200 000 вработени и тоа во повеќе сектори, за прв пат во историјата на нашата држава, се воведе социјалната пензија, за прв пат се воведе и поврат на ДДВ, изградивме и обновивме преку 500 километри патишта.

Станавме полноправна членка на најмоќниот воен сојуз – НАТО, и покрај сите притисоци, успеавме да го зачуваме идентитетот на нашата држава, истакна Ангелова.

Ние ја најдовме формулата за најдоброто. Имаме централна власт предводена од СДСМ којашто е максимално посветена на граѓаните, а во случајот со Кочани, и исклучително квалитетна локална власт, порача Ангелова на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Кочани.

Последни вести