Прес конференција, Ива Лабан портпарол на ОО СДСМ Карпош
Грижата за граѓаните на прво место!
Нов систем за плати, градинките добиваат покачување на платите за 16%
Владата предводена од СДСМ и Министерството за труд и социјална политика продолжуваат континуирано да ги спроведуваат ветените мерки кои се во интерес на граѓаните.
Вработените во градинките заклучно со септември ќе добијат уште едно покачување за 5% , што значи вкупното покачување на платите ќе биде за 21% што претставува најголемото покачување до сега.
Освен платите, позитивните промени во предучилишното образование и воспитание се резултат и на воведувањето на кариерен развој на воспитувачите/ките, јакнењето на професионалните компетенции, отворање на нови 24 објекти во изминатите две години кои отворија можности за нови 1.400 вработувања.
Продолжуваме со работа и реализација на ветеното #ЗборотВажи!