Изјава за медиуми
Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
18.06.2019
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
По 13 години, нашата држава конечно има подобрување на кредитниот рејтинг.
Ренормираната агенција „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија од ББ на ББ+, со стабилен изглед.
Уште една потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.
По години стагнација и сиромаштија, економијата расте и се движи во позитивен правец.
Од – 1,8 во последните месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, за помалку од две години економијата бележи раст од 4,1 отсто во првиот квартал од 2019 година.
За само една година, странските директни инвестиции пораснаа за 260 отсто, што ја прави нашата држава прва во регинот по раст на странски инвестиции.
Тоа е потврдено и во „Извештајот за инвестициите во светот 2019“ на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој.
Рекордниот износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 и активните мерки за вработување, придонесоа стапката на невработеност да падне на историски минимум од 17,8 отсто.
Ова не се само обични бројки, ова се реални позитивни придвижувања на економијата во интерес на граѓаните и државата.
Со извесното членство во НАТО и забрзувањето на интеграцијата во ЕУ, очекувано е позитивните трендови да продолжат, но и дополнително да се интензивираат.
Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе инвестиции, намалена невработеност и повеќе пари во секое семејство.