fbpx

Две години работа во интерес на граѓаните, создаваме држава со извесна европска иднина, светол пример

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми
Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Скопје, 03.06.2019

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

За две години откако СДСМ ја презеде одговорноста, дадена од граѓаните, со гордост може да кажеме дека напредок има во речиси сите полиња.

Земјата ја кренавме, ја исправивме, и сега спокојно чекори напред кон сигурна и стабилна иднина.

Од заробена држава, денес Република Северна Македонија е светол пример во регионот.
Слободата на говор ја вративме и ја обезбедивме, демократијата и почитувањето на човековите права се зајакнати, транспарентноста никогаш не била на повисоко ниво.

Владеењето на правото и социјалната сигурност се во фокусот на политиките.

Преку концептот „Едно општество за сите“ покажавме како функционира успешно општество кое се грижи подеднакво за сите наши граѓани.

За неполни две години решени се сите отвoрени прашања со соседите.

Од држава во изолација, добивме свое столче во НАТО и сме пред добивање датум за почеток на преговoри за членство во ЕУ.

Протколот за пристапување во НАТО досега го ратификуваа 13 земји членки а по ратификацијата во сите земји членки стануваме 30 земја членка на НАТО Алијансата.
По деценија економска стагнација и осиромашување на граѓаните, економијата е силна, се развива, нуди шанса за сите и се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Просечната плата за две години порасна за над 2.000 денари. Социјалната помош е зголемена за дури 300%.

Забележан е значителен раст на индустриското производство и извозот, а 2018 е година на рекордни странски инвестиции кои изнесуваа 624,5 милиони евра. Невработеноста е намалена под 20 отсто.

Почитувани,

Покажавме како е да се работи во интерес на граѓаните и создаваме држава со сосема извесна европска иднина.

Како одговорна, државотворна партија, продолжуваме мотивирано во реализацијата на мерките што обезедуваат уште поголем раст на економијата, напредок, развој и целосна интеграција во ЕУ.

 

Последни вести