Изјава за медиуми
Филип Попоски, портпарол на ОО СДСМ Прилеп
23.05.2019
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ – партијата која 12 години владееше со терор, закани, уцени и притисоци, се’ уште е заглавена во истата насилничка матрица.
Ништо не е променето во партијата чиј почесен претседател е криминалецот и бегалец од правдата, Никола Груевски.
Информациите кои вчеравечер ја преплавија прилепската јавност, дека Петар Ристески – првиот човек на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Општина Прилеп, бил инволвиран во физичка пресметка, денеска ги потврди и СВР Битола.
Полицијата информираше дека нашиот сограѓанин, познатиот стоматолог Благоја Бисеркоски, пријавил дека синоќа во центарот на градот бил физички нападнат од страна на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, Петар Ристески.
Вчера на својот Фејсбук профил, докторот Бисеркоски напиша дека бил нападнат и удрен со бокс во главата од страна на координаторот на прилепското ВМРО-ДПМНЕ и дека претходно Ристески му упатил лични и закани по неговата фамилија.
Граѓаните на Прилеп се згрозени од ваквото однесување на Петар Ристески – Пеката.
Наместо инциденти и физички пресметки во кои се инволвирани највисоките локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои со своето непримерно однесување се издвојува нивниот координатор Петар Ристески, на политичката јавност и’ е потребна опозиција која ќе промовира позитивни идеи и предлози за подобро утре на сите во градот и во државата.
Општинската организација на СДСМ – Прилеп, ги повикува сите надлежни институции, полицијата и обвинителството, да преземат итни мерки за расветлување на случајот со Петар Ристески .
Правда мора да има, а секој што се огрешил пред законите ќе одговара!