fbpx

Михаилоски од Центар: СДСМ ја креира најдобрата понуда за младите во секоја општина, создаваме квалитетни локални политики каде младите се во фокусот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Вечерва во рамките на теренските активности „Најдоброто за нашата општина“, претседателот на СДММ, Марко Михаилоски придружуван од претседателот на ОО СДСМ Центар Горан Герасимовски и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ учествуваа на маалска средба со граѓаните на оваа општина.

Пред присутните Михаилоски се осврна на младинските политики што ги креира СДСМ каде потенцираше дека младите на овие локални избори ќе бидат во фокусот на најдобрите проекти кои ќе ги понуди СДСМ и токму затоа оваа најдобра понуда ќе биде победничка на предстојните локални избори.

„Ние како СДММ започнавме караван – Млади, локално, заедно – караван со цел да го слушнеме гласот на секој млад човек од секое маало, секоја наслеба, секое село, секоја општина и поради тоа зборуваме ние за најдоброто, бидејќи ја креираме програмата согласно потребите на сите граѓани на секоја општина, посебно“ истакна Михаилоски

Тој посочи дека како и изминатите изборни циклуси, така и на претстојните локални избори, СДММ преку својот ангажман ќе даде силен придонес во новата победа на СДСМ и коалицијата.

Во општина Центар постојано се вложува во политиките кои придонесуваат континуиран развој на младите, како урбан, рекреативен, така и образовен развој. Во соработка со Швајцарската агенција за развој и поддршка на УНДП се отвори новиот младински центар во општина Центар, понатаму паркот Ибни Пајко целосно нов парк во површина од 10.000 м2, целосното реконструирање на игралиштето кај основното училиште „Кочо Рацин“ со нови спортски терени, како и изградбата на целосно ново основно училиште „Киро Глигоров”, се само дел од многуте проекти реализирани во општина Центар, а кои ги таргетираат токму нас младите.

Ние младите продолжуваме и понатаму да ги креираме најдобрите решенија за креирање на најдобрата програма која ќе ја донесе убедливата победа на предстојните локални избори.

Последни вести