fbpx

Продолжуваат освежувањата и промените во СДСМ, назначени нови претседатели на партиските комисии

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Промените и освежувањата во СДСМ продолжуваат, партијата се менува за уште подобро да им служи на граѓаните и на државата.

Синоќа, Извршниот одбор на СДСМ ја одржа својата втора седница на која беа назначени нови претседатели на партиските комисии.

Комисиите на СДСМ се важни тела, предводени и составени од докажани, професионални и угледни личности, кои даваат свој придонес во креирањето и реализацијата на политиките по кои е препознаена СДСМ.

Во прилог комплетен список на назначените претседатели на комисиите на СДСМ:

Комисија за економија: Размена Дуровиќ Чекиќ
Комисија за здравство: Соња Михајловска
Комисија за образование: Елизабета Наумовска
Комисија за надворешни работи: Зоран Попов
Комисија за труд и социјална политика: Милан Живковиќ
Комисија за спорт: Наумче Мојсовски
Комисија за локална самоуправа: Јане Миланов
Комисија за животна средина; Каја Шукова
Комисија за Едно општество: Белкиса Зеќири
Комисија за транспорт и врски: Благој Бочварски
Комисија за внатрешни работи: Никола Дујовски
Комисија за енергетика: Митко Андреевски
Комисија за информатичко општество и администрација: Методија Димовски
Комисија за култура: Катерина Коцевска Хаџивасилева
Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство: Гоце Георгиевски
Комисија за финансии: Димитар Ковачевски
Комисија за правда: Неда Гацова
Комисија за одбрана – Драган Николиќ

На втората седница, членовите на Извршниот одбор ја усвоија и одлуката за именување на членови на Извршниот форум на пензионери. Шефот на Изборниот штаб, Љупчо Николовски информираше за постапката за избор на кандидати за градоначалници и советници од редовите на СДСМ која што заврши во рамки на општинските организации.

До СДСМ се доставени 560 кандидатури за градоначалници и 5.000 кандидати за советници.

Големиот интерес за кандидати за градоначалници и советници, исправните државнички политики, се доказ дека СДСМ е силен фаворит на претстојните локални избори.

Последни вести