fbpx

Мицкоски да им се извини на граѓаните за лагите, насилничките сценарија се единствени негови политики

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција,

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Скопје, 22.02.2019

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Насилничките сценарија, создавањето тензии и пласирањето лаги се единствените политики на антинародниот Христијан Мицкоски и неговиот шеф, Никола Груевски.

Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да им се извини на граѓаните за лагите што ги ширеше вчера и за провидниот театар пред болницата 8-ми септември.

Особено откако самиот Мицкоски се демантираше себе си. Прво рече дека никој од болницата не дошол да им соопшти за состојбата а по само неколку секунди признава дека тоа не е точно.

Порталите и медиумите блиски до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, што вчера ширеа лажни вести и драматични шпекулации, треба да им се извинат на граѓаните за пласираните невистини и да ги повлечат спорните објави.

Тоа им го должат на граѓаните. Објективното, вистинито и професионално информирање на граѓаните треба да биде императив на сите чинители во медиумскиот и јавниот простор.

Соодветна истрага за овој инцидент ќе ги даде сите одговори.

Останува фактот дека не успеа обидот на Мицкоскии  Груевски преку насилничко сценарио да го дефокусираат вниманието на јавноста од фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главниот осомничен за организирање на насилствата на крвавиот 27 април.

Граѓаните и институциите нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да создадат нови кризи, поделби и тензии.

Секаков вид на насилство ќе биде санкционирано. Мицкоски нема да успее, ќе има одговорност за организаторите, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април.

 

Последни вести