Прес конференција,
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Скопје, 30.01.2019
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Уште еден пораз за антизападниот Мицкоски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Едвај 20 пратеници гласаа за интерпелацијата на министерот Димитров.
Антизападните елементи предводени од Христијан Мицкоски се сè послаби.
Дебаклот на Мицкоски е јасен, само една шестина од пратениците, од вкупно 120 пратеници, само 20 од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа интерпелацијата.
Се изгуби цел еден ден за пратениците да расправаат за антизападните желби на Мицкоски, наместо да се посветат на реформите што се во интерес на државата и граѓаните.
Ова е уште еден доказ, единствена цел на Мицкоски е да ја распушти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Антизападниот Мицкоски знае дека го чека пораз на претседателските избори, го чека пораз на парламентарни избори кога и да се одржат.
Почитувани,
Мицкоски не постапува и не размислува ниту државнички ниту одговорно. Тој е посветен само само на својот и интересот на неговите антизападни ментори. Тоа е јасно за сите пратеници.
Тој е во паника од влезот на Македонија во НАТО и интеграцијата во ЕУ.
Наместо јалови обиди за блокади и деструкција, Мицкоски нека се подготви за пораз на претседателските и на какви било други избори.