fbpx

Ребалансот на буџетот носи повеќе пари за човечкиот капитал и мерки за засилен економски раст

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Ребалансот на Буџетот за 2021 година е важна алка која придонесува кон враќање на претходните стапки на економски раст, на поголема поддршка за економијата и граѓаните и целосно надминување на последиците од коронакризата.

Клучните цели на овој ребаланс се повеќе пари за капитални проекти, повеќе пари за здравството, повеќе пари за нови мерки, повеќе пари за нови вработувања.

2,7 милијарди евра се издвојуваат за инвестиции во човечкиот капитал со предложениот ребаланс на Буџетот, односно во образование, здравство и социјална заштита, што во споредба со периодот од пред три години е повеќе за над половина милијарда евра.

Ги зголемивме и средствата за активни мерки за вработување од 1,3 милијарди денари за највисоки досега 1,66 милијарди денари или 27 милиони евра. Ова ќе доведе до изразен пад на стапката на невработеност која сега е на 16 отсто.

По области, со овој ребаланс, за земјоделството се издвојуваат три милијарди денари, заштитата на животната средина се зајакнува преку нова програма за зелен развој со 685 милиони денари, додека за здравството се обезбедуваат дополнителни над шест милијарди денари.

Сето ова се инвестиции кои позитивно ќе влијаат врз економскиот раст, но и врз квалитетот на животот на граѓаните и затоа, носењето на овој ребаланс е исклучително важен за нашата економија и за нашите граѓани.

Како одговорна, државотворна партија продолжуваме да креираме мерки и политики што значат поголема поддршка за стопанството, инвестиции во капитални проекти, зачувување на работните места и повисок животен стандард за сите граѓани.

Последни вести