ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не повикаа на вакцинација и почитување на мерките за заштита, но затоа секојдневно шират лажни вести на штета на јавното здравје, обвинија од владејачката партија.
„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ниту еднаш на апелираа до граѓаните да се вакцинираат, ниту еднаш не повикаа да се почитуваат мерки за заштита од коронавирусот, ама затоа знаат секојдневно да шират лажни вести за да го минираат процесот на масовна имунизација, на штета на јавното здравје“ истакнаа од СДСМ.
Оттаму додаваат дека лажни вести и срамни невистини се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводен недостиг на вакцини, досега се аплицирани над 610.000 дози на вакцини, а дневно се вакцинираат по десетици илјади граѓани.