fbpx

Законските решенија во рамки на процесот за помирување се поддржани со консензус, нема мешање во работата на судот и обвинителството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Интерпартиската парламентарна група за реформа, помирување и интеграција на денешната седница го усвои и усогласи нацрт-текстот на Законот, за кој се расправаше во изминатите денови, во рамки на процесот за помирување, соопшти копретседавачката на Интерпартиската парламентарна група, потпретседателката на СДСМ и Собранието на Република Македонија, Фросина Ременски на заедничка прес конференција со пратеничката Емилија Александрова.

Во изјава за медиумите по состанокот на телото, Ременски истакна дека при изработката на Нацрт предлогот за законот појдовна основа бил опфатот, односно што не може да подлежи на амнестија за настаните од 27 ми април.

– Целта на дебатата по овој предлог не се однесуваше на конкретни кривични дела, не се водевме персонално кон никој, туку дававме опис на делата и на дејствијата и делата што не можат да бидат амнестирани. Со амнестија не се опфатени организаторите и подготвувачите на настаните од 27 април, не се опфатени лицата кои извршиле физичко насилство, лицата со фантомки кои извршиле насилство, лицата кои носеле оружје, службените лица кои ги пречекориле службените овластувања, посочи Ременски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Ременски посочи дека предлог законското решение било донесено со консензуз од членовите на Интерпартиската парламентарна група и истиот не претставува мешање во одлуките на судот и Обвинителството односно не се врши квалификација на кривичните дела од страна на Интерпартиската парламентарна група.

Правото за добивање амнестија за настаните од 27 април ќе се остварува индивидуално. Тоа значи дека се поденсува барање до надлежен обвинител и надлежен суд. Судот го носи решението по претходно мислење на надлежниот јавен обвинител што го води случајот и оттука, ние како собраниско тело не се ни обидуваме ниту сакаме да вршиме каков било ограничување на правото и надлежноста на обвинителството и судот, самите да ценат за тоа со какви докази располагаат за лицата кои ќе побараат иднивидуално барање согласно со овој Закон. Затоа не навлегувавме во прецизирање на кривичните дела, не правиме квалификација на делата, истакна Ременски.

 

Скопје, 18.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести