Соопштение за јавност
11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше проблемот со загадувањето, а преку погубните политики придонесе аерозагадувањето да достигне висок степен што и денес се чувствува.
За разлика од таквиот пристап на криминалното ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции на локално и централно ниво постојано преземаат мерки за решавање на деценискиот проблем со загадувањето.
Секојдневно се преземаат мерки за намалување на загаденоста на воздухот, се лоцирааат и казнувааат загадувачите физички и правни лица.
Започнат е процес на замена на старите нееколошки начини на греење на јавни установи со нови, модерни еколошки начини н азагревање.
Масовно се садат дрва и се подигнуваат зелени појаси низ целата држава.
Се заменува и стариот нееколошки возен парк. Обезбедени се средства за набавка на 40 еколошки автобуси за ЈСП Скопје, се набавуваат еко автобуси за Прилеп и Битола
Се инвестира во процесот на гасификација, значително се зголемуваат средствата за гасификација за наредната 2019 година.
Сето ова се само дел од мерките што се спроведуваат за да се реши проблемот со загадувањето, со крајна цел загадувањето да се намали до 50 отсто во Скопје и поголемите градови и од 30 до 50 отство на ниво на цела држава во следните две години.
Скопје, 17.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА