fbpx

Ги намаливме нотарските и извршителски трошоци фер и одговорни политики за повеќе пари кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата
Скопје, 19.12.2018

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Ги намалуваме нотарските и извршителските трошоци за граѓаните.

На предлог на Владата на Република Македонија предводено од СДСМ усвоени се измените на Законот за нотаријат и на Законот за извршување.

Обезбедивме значително финансиско олеснување за сите граѓани на Република Македонија, за оние кои се соочуваат со постапки пред нотари и извршители, а особено за најранливите сограѓани.

Законите обврзуваат на донесување на нови тарифи со кои ќе се укинат 16 тарифни ставки.

Во постапките пред нотарите граѓаните кои имаат долгови за комунални трошоци се ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност. Нотарската награда ќе биде 10 отсто од главниот долг, но не повеќе од 500 денари.

Со ова се остварува уште една клучна мерка од предизборната програма на СДСМ и од Програмата за работа на Владата – олеснување на животот на сите граѓани во Република Македонија, намалување на трошоците и повеќе пари кај граѓаните.

Трошоците кои ги плаќаат граѓаните мора да бидат намалени и разумни, а не енормни, само така ќе изградиме фер и праведно општество.

СДСМ како одговорна партија преку парламентарното мнозинство продолжува со фер и одговорни политики кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, зголемување на семејните буџети и подобар животен стандард за сите.

 

 

 

Последни вести