Соопштение за јавност
Денеска, во рамките на „Најдоброто за нашата општина“ организациониот секретар на СДСМ Мартин Попов, беше во посета на општина Богданци каде присуствуваше на маалска средба со граѓаните на Стојаково.
„Владата предводена од СДСМ минативе 4 години инвестираше 1.300.000,00 евра во 11 км во развој на патната инфраструктура на општина Богданци. Од многуте проекти во оваа општина, би ги издвоил регионалниот пат Фурка-Богданци- Гевгелија, реконструкција и рехабилитација на државниот пат, преку Светска банка обезбедивме грант за развој на локална патна мрежа за период 2021-2024. Потпишан е договор за реконструкција на дел од колекторски систем за отпадни води- прва фаза, делница Стојаково и пумпни станици, а потпишан е и договор за водоснабдување на село Селемли, истакна Попов.
Тој додаде дека во Богданци силна е поддршката и за земјоделците преку проекти од ИПАРД програмата, проектот Млад земјоделец и проектот за субвенционирање на набавка на трактори.
Во однос на локалните избори, Попов потенцира дека СДСМ е постојано со граѓаните, дека од нив ги црпи идеите за програмите и дека тоа е причината што СДСМ е силен фаворит на претстојните избори.
„Секогаш сме со граѓаните и секогаш сме подготвени да ги слушнеме нивните предлози, идеи и забелешки. СДСМ има најдобри проекти, најдобра кадровска понуда и затоа е најдобрата опција за граѓаните. Само со СДСМ е сигурен локалниот и регионалниот развој, само со СДСМ е сигурен напредокот и интеграцијата.“ заклучи Попов.