СДСМ започнува нова фаза на интензивни теренски активности „од врата на врата“, преку кои тимови во секоја општинска организација, партиски функционери и членови ќе го посетат секој дом, да разговараат за сработеното, но и да ги слушнат потребите и сугестиите на граѓаните.
СДСМ ја информираше јавноста дека „Сите предлози, коментари и барања кои ги добиваме на маалските и урбаните средби, на граѓанските трибини, веќе се анализираат и систематизираат. Еднаков пристап ќе заземеме и кон предлозите кои ќе стигнат преку проектот од врата до врата“
Заменик претседателката Сања Лукаревска подвлече дека СДСМ е силно присутна на терен, дека искрениот отворен пристап на партијата е препознаен од граѓаните и затоа СДСМ е извесен фаворит на претстојните локални избори.
„СДСМ е убедлив фаворит затоа што ги слуша граѓаните, затоа што заедно со нив ја создава најдобрата кадровска и програмска понуда. Граѓаните знаат дека само со СДСМ е можен напредокот на секоја општина, дека е можен развојот на државата и затоа повторно ќе застанат зад концептот на СДСМ кој води напред“ рече Лукаревска.