fbpx

Нема да има зголемување на сметките за струја

Facebook
Twitter
LinkedIn

Парламентарното мнозинство ги усвои измените во Законот за додадена вредност. Со нив, ДДВ за струјата, од 18, се намалува на 5 проценти, со што сметките на граѓаните нема да бидат зголемени.

СДСМ ја информираше јавноста веднаш по законските интервенции: „Успеавме да ги донесеме овие измени кои ќе спречат поскапување на цената на електричната енергија за домаќинствата и со тоа да ги заштитиме семејните буџети од зголемување на цената на електричната енергија и покрај обидите за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ

Од Регулаторна комисија за енергетика ја поздравија искажаната политичка волја, со која се прифати и имплементира решението на РКЕ за намалување на ДДВ на електрична енергија за домаќинствата.

Инаку, СДСМ потсети дека за време на мандатот е вратена дневната евтина тарифа за струјата и Владата континуирано вложува во нови, еколошки и обновливи извори на електрична енергија со што ја штитат животната средина.

Последни вести