fbpx

Зголемен опфатот на стечајци што добиваат месечен надоместок

Facebook
Twitter
LinkedIn

Дополнителни 1.100 стечајни работници во Македонија ќе добијат месечен надоместок во износ од 9.242 денари. Со овој Предлог-закон се зголемува опфат на лица кои ќе добиваат 34 проценти од просечната месечна нето плата исплатена по работник претходната година. Со последната измена која се донесе речиси 13 илјади лица ќе добиваат материјален надоместок до вработување или до пензионирање.

Определбата на Владата за спроведување социјални политики насочени кон сите наши граѓани од ранливите категории, како што се стечајците, пензионерите и невработените, продолжува и во наредниот период. Со измените на Законот за стечајци, правото на материјално обезбедување ќе го остварат уште најмалку 1.100 стечајци“ напиша Заев на својот фејсбук профил.

СДСМ во неколку наврати, од 2017 година, обезбеди финансиски месечен надоместок на невработените лица чиј работен однос престанал поради стечај, ликвидација и технолошки вишок, односно на стечајците.

Последни вести