fbpx

За македонскиот јазик нема никакви преговори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Резолуцијата мора да биде во согласност со Уставот, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, прашан за текстот што го поднесе опозицијата во Собранието, а во кој за името на државата пишува „С. Македонија“.

Република Северна Македонија самите преговори во рамки на ЕУ ги води согласно уставното име. Нашиот став е сосема јасен, текстот на резолуцијата таков каков што е, е прифатлив согласно Уставот. Овде се отвора прашањето дали со таквото прифаќање на резолуцијата како што тие ја поднесуваат може да направиме штета на интеграцискиот процес на Република Северна Македонија, дали можеби конечно од друга страна ВМРО-ДПМНЕ ќе се издигне над партиските интереси и ќе го прифати Преспанскиот договор со што навистина имаме одлична основа да ги зајакнеме и да ги заштитиме националните интереси“ рече Костадинов.

Тој додаде дека преговори и разговори за македонскиот идентитет, за македонскиот јазик ниту имало, ниту има, ниту во иднина ќе има.

Последни вести