Соопштение за јавност
Техничкиот министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев, повторно се става над законот, во обид за партизација на институциите и враќање на режимот.
Чулев, без распишан интерен оглас во министерството за внатрешни работи, ја унапредил сопругата на Митко Чавков на повисока позиција за три скалила погоре во МВР.
Ова е спротивно на систематизацијата и правилата за напредување во МВР, што сведочи за уште еден обид на Чулев, МВР да го претвори во ВМРО-МВРО.
Чулев не може да се одвои од режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ и го интересира само како да го заштити својот шеф Христијан Мицкоски и како да им помогне на своите партиски другари.
Времето на режимот заврши, времето кога МВР се раководеше од Белиот дворец заврши, а на Мицкоски и на Чулев треба да им е јасно дека секој во државата ќе одговара за неодговорно и незаконско постапување.
Граѓаните знаат дека Наќе Чулев со своето неодговорно однесување во време на коронакризата, кога реши да не ги казнува лицата што ги прекршуваат мерките за заштита и рестрикциите на движење, е еден од највиновите за растот на бројот на инфицираните лица и тоа нема да му го простат.