fbpx

Институциите се вмрежуваат за да конфискуваат нелегално стекнат имот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Времето на неказнивост, избегнување на правдата, изигрување на законите, полека но сигурно станува минато, истакна вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски, кој додаде дека конфискацијата на имот и финансиските истраги се императив за истерување на правдата до крај.

Тој при презентација на новата Националната стратегија за конфискација на имот кажа дека преку неа ќе се зголеми ефикасноста и на кривичните процеси, а покрај секоја отворена кривична истрага паралелно ќе се спроведува и финансиска истрага.

-Проактивноста на институциите ќе придонесат и за водење финансиска истрага паралелно со криминалистичката. Очекуваме да се намалат ризиците за препродажба или прикривање на налегално стекнатите имоти и средства, кажа Николовски.

Според него од големо значење е и електронското поврзување на институциите, преку нивна дигитализација и навремена размена на информации, односно преку програмата за интероперабилност и најави техничко и кадровско зајакнување на Основните јавни обвинителство, за поефикасно водење на истрагите. 

Последни вести