fbpx

Се зголемуваат социјалните студентски стипендии и се воведуваат нови

Facebook
Twitter
LinkedIn

За првпат по повеќе од една деценија се враќаат стипендиите за постдипломски студии и за првпат се воведуваат стипендии за докторанди во износ од 18.000 денари. Ова е пример за вистинска грижа за младите од страна на Владата предводена од премиерот Зоран Заев

Во таа насока, во делот на ученички стипендии за средношколците, од новата учебна година ќе се доделуваат 14 различни категории на стипендии и сите ќе бидат во износ од 3.500 денари. Тоа е двојно зголемување споредено со периодот од пред само две до три години.

Стипендиите за студентите ќе се доделуваат во 11 категории, каде најбројни се стипендиите за социјална поддршка на студенти и за студенти со висок просечен успех.

Износите се изедначуваат за 9 категории и ќе изнесуваат 6.050 денари месечно, што е сериозно зголемување имајќи предвид дека тие досега се движеа од 3.300, 4.000 до 4.400 денари месечно, а сега се зголемуваат и изедначуваат на 6.050 денари. Стипендиите кои се доделуваат на студенти запишани на програми по хемија, физика и математика остануваат во износ од 18.000 денари на месечно ниво.

Последни вести