Почна изградбата на брана на реката Отиња, шестдеценискиот сон на штипјани, преку кој ќе се подобри и негува животната средина не само во Штип, туку и во целиот регион.
– Придобивките од оваа инвестиција се огромни. Браната на река Отиња на Штип ќе му донесе промена на климата, заштита од град, од поплави, но и место за рекреација. Ќе се намалат високите летни температури, но и ќе влијае и на зголемување на зимските температури. Дополнително се создава биолошки минимум во коритото на реката Отиња, а ќе се користи и за наводнување на зелените површини, рече премиерот Зоран Заев на отпочнувањето на градежните активности.
Рокот на изведба е планиран и изнесува не повеќе од 30 календарски месеци или две и пол години. Со проектот е предвидено да изведе камено земјена брана со централно глинено јадро со висина од 33 метри.
-Инвестиционата вредност на градбата изнесува 306 милиони денари согласно склучените договори за изградба и надзор, рече Заев.