Соопштение за јавност
Системот функционира. Сите надлежни институции, на централно и локално ниво се активни за справување со пожарите, граѓаните се солидарни, медиумите одговорно информираат, соседите, сојузниците нудат помош.
Само и само ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, шири невистини, напразно и неосновано критикува.
Тоа е загубената ВМРО-ДПМНЕ која нема идеја како да делува, нема што да им понуди на граѓаните.
Системот функционира, ситуацијата е под контрола. Пожарите не се политичка тема.
Надлежните институции будно ја следат состојбата и делуваат.
Државата е тука за граѓаните, нивната безбедност и сигурност е на прво место!