Прес-конференција, Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ
Почитувани,
Инвестициите во модерно, конкурентно и развојно земјоделство остануваат приоритет на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.
Заврши реализацијата на втората фаза на Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар. Севкупната инвестиција е во вредност од над 24 милиони евра.
За земјоделците од валандовско-гевгелискиот регион значи намалување на трошоците за производство и предуслов за осовременување на агро-секторот.
Со изградбата на системот за наводнување се обезбедува навремено и квалитетно наводнување за вкупна површина од 2.150 хектари на територијата на Општина Валандово, а ги опфаќа населените места Удово, Јосифово, Калково и Пирава.
Ваквите инвестиции носат зголемена конкурентност на земјоделството, но и подобри услови за работа и живот на населението во целиот валандовски регион.
Оваа огромна инвестиција е вистински пример за одговорното работење на Владата предводена од СДСМ насочено кон обезбедување сигурна вода за наводнување на полињата, како и креирање на уште подобри услови за земјоделците.
Паралелно, се работи и на третата фаза од овој проект, Јужно-вардарска долина, и на Пепелиште и на Лисиче и на сите останати системи за наводнување.
Имајќи предвид дека без модерни системи за наводнување, нема напредок на агро-секторот, продолжуваме со изградба на нови системи за наводнување.
СДСМ продолжува да го трасира патот кон развиено земјоделство и подобрени услови за земјоделците.