fbpx

Новите мерки се неопходни за заштита на здравјето на граѓаните, Мицкоски да повика на вакцинација а не да поткопува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Емилија Рамбабова, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Растечкиот број случаи на новозаразени од ковид вирусот повикуваат на одговорност и разум од секој поединец, од целото општество.

Исклучително е важно што повеќе граѓани да се вакцинираат во овој период и да не наседнуваат на лажни информации.

Вакцините докажано штитат од тешки форми на болеста „Ковид-19“, од секој сој и се најефикасната алатка за справување со пандемијата.

Ги повикуваме сите граѓани, кои досега не се имунизирале да го сторат тоа побрзо. Да се упатат до најблискиот вакцинален пункт и да го направат најдобриот можен чекор за да го зашитат своето и јавното здравје.

Едноставно кажано, повеќе вакцинирани, значи помалку хоспитализирани и помалку рестрикции.

Дезинформациските кампањи и теории на заговор пласирани од разни центри, кои ги одвраќаат луѓето од имунизацијата и сеат недоверба кон медицината и науката се на штета на здравјето на граѓаните.

Затоа, да бидеме разумни, да бидеме одговорни кон себе и кон другите и да го дадеме својот мал, но значаен придонес во оваа борба која е заедничка за целиот свет.

Новите рестриктивни мерки кои се најавени мора да стапат на сила пред состојбата дополнително да се влоши. Истовремено, сите граѓани треба да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Јавното здравје и колективната заштита се приоритет, а мерките кои се донесени се исклучиво во таа насока. Затоа и многу други држави ги применуваат.

Тие не го „делат народот“ како што неодговорно вели Христијан Мицкоски, туку се нужни за заштита на граѓаните, здравствените работници и самиот здравствен систем.

Се додека седи на страна, се додека го гледаме по кафани и теретани и ја игнорира маката на народот, Мицкоски останува политички и здравствен пироман.

Затоа, и Мицкоски треба да излезе и да ги повика граѓаните да се вакцинираат, да ги почитуваат мерките, наместо да го поткопува здравствениот систем.

Последни вести