Соопштение за јавност
Огромна благодарност за пожарникарите, војниците, полицајците, доброволците, но и до сите што преземаат натчовечки напори во борбата со пожарите.
Наши најголеми борци деновиве, за својата посветеност ќе бидат наградени со финансиски надоместоци согласно законите и колективните договори.
Како благодарност за пожртвуваноста и посветеноста, Владата донесе одлука за доделување парична награда од по 10.000 денари за вкупно 300 лица од кои најголемиот број се пожарникари.
Град Скопје и повеќе општини, дополнително ќе им доделат награди од 10.000 денари на 194 пожарникари коишто се дел од трите екипи што учествуваат во гаснењето на пожарите низ државата.
Во изминатите четири години постојано работиме на унапредување на социо-економската положба на пожарникарите, на безбедноста на нивните работни места, на зголемување на капацитетите, набавка на нова опрема.
Со новиот закон за пожарникарството ќе креираме решенија што ќе значат подобра социо-економска положба на пожарникарите.
Платите на пожарникарите во Скопје, Валандово, Дечево, Неготино и во многу други градови се зголемени за околу 20% од декември 2020 година, додека основната плата на пожарникарите во просек е зголемена од 4.500 до 6.000 денари.
Новиот правилник за пресметка на платите на пожарникарите во Град Скопје гарантира повисоки приходи со што ја исправаме неправдата нанесена од Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ во годините кога спомениците им беа поважни од човечкиот капитал.
Противпожарна единица Берово, една од најпогодените деновиве, токму пред два месеца доби четири нови противпожарни возила и опрема за пожарникарите.
За првпат во земјава неодамна е набавено противпожарно возило со скала, што за жал, беше критикувано од неодговорната ВМРО-ДПМНЕ.
Со помош на пожарникарите, војниците, полицајците, доброволците ќе се избориме против огнената закана, а потоа ќе се посветиме на санирање на штетите, пошумувањето, како и на отстранување на проблемите кои се јавуваат во вакви случаи.
Одново покажавме дека за нас луѓето се најсилниот капитал на нашето општество.
Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал.