Јавноста е згрозена од неодговорноста, заканите, политичките пароли на таканаречените антиваксерски протести на кои мнозинството присутни повикуваа на линч и директно загрозување на јавното здравје преку непочитување на превентивните мерки кои ги дефинираше Комисијата за спречување заразни болести.
Меѓу демонстрантите можеа да се забележат лица со маици со мотиви од опозициските партии, а дел од нив од говорницата порачаа дека власта ги продала државата и историјата, а можеа да се чујат обвинувања на сметка на НАТО и ЕУ.
Следуваа пцовки упатени кон министерот за здравство Венко Филипче, а протестниот марш беше обоен со знамиња со сонцето од Кутлеш, кое беше главно обележје и на движењето „Бојкотирам“ во кое активно пристапија членови на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Токму овие две партии се најгласни критичари на мерките на Комисијата за заштита од заразни болести, а чија цел е зајакната борба со смртоносниот вирус.
Сомневањата дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица стојат зад антиваксерските протести се оправдани бидејќи нивните ставови дека заштитните мерки што се применуваат во целиот демократски западен свет се недемократски беа став и на протестантите.
Дел од протестантите скандираа и „ќе го бутнеме режимот“, што се политички пароли својствени за Мицкоски и Апасиев.
Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Левица не се оградуваат од протестите што е уште една потврда дека овие партии за дневно политички интереси го ставаат во заложништво и најскапоценото-здравјето на граѓаните.
Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари најостро го осудија говорот на омраза и скандирањето „убијци“ за лекарите и медицинскиот персонал кои и со живот го платија лекувањето на пациенти болни од „Ковид-19“. Следуваа серија реакции на реномирани лекари кои ги оценија протестите за тежок срам и дадоа целосна поддршка за сите колеги кои пожртвувано се борат да им дадат медицинска помош и да ги излечат заразените граѓани.