Градските власти предводени од СДСМ ја подобруваат сообраќајната инфраструктура со што го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, а при тоа значително се намалува градскиот метеж во главниот град.
За време на летната сезона во главниот град се реконструираат, прошируваат и градат четири булевари со кој ќе се овзможи полесно функционирање на градот и поквалитетен живот за сите.
Булеварот „Никола Карев“ се реконструира и проширува, се обновува и булеварот „Босна и Херцеговина“, како и булеварот „Борис Трајковски“. Сите овие булевари се реконструираат според современи стандарди и ќе вклучуваат зеленило, велосипетски и пешачки патеки.
Дополнително во Скопје, во тек е и изградбата на новиот мост на реката Вардар на булеварот АСНОМ, кој е со вкупна должина од 400 метри и има шест коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки од двете страни. Грижата за граѓаните и олеснувањето на нивното движење станаа препознатлива карактеристика на владејачката партија кога станува збор за патната инфраструктура, нешто кое ќе продолжи и по локалните избори, со оглед дека сообраќајните решенија и изградбата на патната мрежа се еден од приоритетите во програмата за претстојните избори.