fbpx

Наши компании ќе добијат пари од петте милијади евра на НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Полноправното членство во НАТО секојдневно го потврдува своето огромно значење за нашата република – од поддршка во екот на пандемијата, преку сојузничката солидарност во справувањето со пожарите, сѐ до новоотворените можности за развој и раст на економијата, како што е учеството на јавните тендери на Алијансата.

Отворањето на можноста за македонските компании да учествуваат на јавните тендери на НАТО е една од придобивките од членството во Алијансата, кои најдиректно ќе се одразат на македонската економија.

Досегашните искуства покажуваат драстичен раст на извозот во земјите кои пристапија кон НАТО во 2004 година, како и раст на странските инвестиции, што значи дека влегувањето во најмоќниот воено-политички сојуз, отвора и многу други перспективи за развој на државата.

Македонските компании сега имаат шанса да добијат дел од петте милијарди годишен буџет со кој располага Алијансата, за што ќе имаат и владина поддршка, преку новоформираниот Оддел за поддршка при настап на НАТО пазарот во рамки на министерството за одбрана.

Последни вести