Реакција на изјава на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ
За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски со Град Скопје парите на граѓаните се трошеа на лажен барок, гипс-картон, палми и жални врби во Вардар.
Тоа се „инвестициите“ кои останаа зад Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ денес се фали со набавката на кинеските автобуси кои беа платени со пари од државниот буџет, а за чија набавка се води и постапка пред македонските судови.
За разлика од тогаш, денес градската администрација предводена од градоначалникот Петре Шилегов вложува во најсовремени возила и опрема за потребите на градските јавни претпријатија.
Набавени се над 130 најсовремени комунални возила и автобуси за четири и години и тоа исклучиво од Буџетот на Град Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се управува со градскиот буџет во интерес на граѓаните и градот Скопје.
Очигледна е разликата помеѓу одговорното управување со градот од страна на СДСМ и Шилегов и расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа разлика граѓаните ќе ја потврдат во октомври кога повторно ќе ги поразат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.