fbpx

Единствен начин да се справиме со коронавирусот е доследно почитување на мерките пропишани од здравствените институции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Почитувањето на мерките за заштита, носење маска, шал или марама, одржување дистанца, хигиена и дезинфекција остануваат единствениот начин, единствениот механизам со кој може да се заштитиме од коронавирусот и како поединци и како општество.

Игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој постои нема да помогне во надминување на состојбата и намалување на бројката на заразени. 

Здравствените експерти, внимателно ја следат состојбата и предлагаат мерки за заштита на колективното здравје и ставање на епидемијата под контрола врз основа на анализа на актуелната состојба. 

Со оваа кризна состојба сме засегнати сите и како поединци и како држава и сите треба да придонесеме во решавање на проблемот.

Затоа политизирањето на ссотојбата, ставање на кризата со коронавирусот во некој друг контекст, освен здрајвето на граѓаните нема да помогне. Тоа е неодговорно однесување на ВМРО.ДПМНЕ и треба итно да престане.

Има суштинска разлика помеѓу првиот бран и овој, тогаш не знаевме што може да очекуваме, во која мера може да се прошири вирусот и колку може да се оптовари здравствениот систем.

Состојбата во здравствениот систем, капацитетите за згрижување пациенти, познатите кластери каде се шири вирусот и сите други индикатори укажуваат на тоа дека здравствениот систем е организиран и подготвен, односно сигурен дека може да се носи со новите заболени.

Животот мора да продолжи и затоа апелираме до сите граѓани да ги почитуваат мерките за лична заштита, а надлежните поревносно да го контролираат нивното почитување.

Последни вести