fbpx

Шилегов во Аеродром: Општината се развива со забрзано темпо, новите проекти ги дефинираме заедно со граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Маалските средби вечерва продолжија во Аеродром каде што Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин и новиот кандидат за градоначалник на општината Александар Филиповски се сретнаа со жителите на оваа скопска општина.

– СДСМ е убедлив фаворит на претстојните локални избори. Во изминатите четири години направивме многу, поставивме високи стандарди на одговорно, чесно и транспарентно водење на институциите. Затоа говориме за „Најдоброто за нашата општина“, посочи Шилегов.

Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов додаде дека Аеродром е една од општините со најмногу важни капитални проекти.

– Со изградбата на булеварот АСНОМ и новиот мост на Вардар за граѓаните од Лисиче обезбедивме побрз излез према Центар и Гази Баба. Ги реконструиравме бул. Видое Смилевски Бато, улиците Февруарски Поход и Владимир Комаров, почнавме со реконструкција и пробивање на дел од Васко Карангелески при што оваа улица ја спојуваме со ул. Трета Македонска бригада каде што го решивме проблемот со стеснувањето кај пералната кој мојот претходник ни го остави во наследство. Булевар Србија и бул. Февруарски поход добија нови велосипедски патеки, а при крај е вело патеката на бул. Видое Смилевски Бато, посочи Шилегов.

Во овој дел од градот ги реконструиравме средните училишта Марија Кири Склодовска, Владо Тасевски и Димитар Влахов, а обезбедивме и прочистувачи за воздух за секоја училница, додава Шилегов.

Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Аеродром подигнати се над 47.000 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 3,800 садници. На местото на дивата депонија во Мичурин кај Железничка подигнавме нов парк, а крстосницата на бул. Јане Сандански со ул. Владимир Комаров доби два нови урбани скверови со повеќе зеленило и содржини за одмор и релаксација.

Преку маалските средби СДСМ заедно со граѓаните создава понуда која ќе биде најдобра за секоја општина, за секој град.

Последни вести