fbpx

Маричиќ на средба во Штип: Инвестиравме во бројни капитални проекти во Истокот, развојот на Штип продолжува со СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, денеска беше на средба со граѓаните на Штип.

Заедно со градоначалникот Сашко Николов разговараа со граѓаните за веќе сработеното, но и за она што во следниот мандат треба да се направи.

– Во овие четири години покажавме што значи вистинска грижа за граѓаните, што значи вистинска грижа за секое населено место. Ги зголемивме платите во сите сектори, пораснаа и пензиите а го решивме и деценискиот проблем со стечајните работници. Овде во Штип, во Истокот инвестиравме многу во инфраструктурни проекти. Еден од нив секако е патот Штип – Радовиш каде една фаза е веќе пуштена во употреба. По неколку децении е изграден мост на реката Брегалница, во фаза на реализација е и најважниот проект за овој град изградба на брана на реката Отиња, посочи Маричиќ додавајќи дека со СДСМ и Николов развојот на Штип ќе продолжи и во следните четири години.

Маричиќ порача дека СДСМ останува посветена на политиките кои водат напред, кои носат напредок и развој.

Штипјани знаат кој го носи Најдоброто. На 17 ти октомври Штип останува во сигурни раце и ќе продолжи да се модернизира, порача Маричиќ.

 

Последни вести