Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ
Почитувани,
Понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за овие локални избори е понуда на стари, препознаени кадри блиски до Никола Груевски.
Ништо ново нема во ВМРО-ДПМНЕ исти, истрошени кадри кои во времето на режимот биле носители на државни функции, денес Мицкоски ги претставува како нови лица и на тој начин ги потценува граѓаните.
Со таква понуда, со таков однос Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да очекуваат сигурен пораз на локалните озбори.
Тоа му е јасно и на самиот Мицкоски, затоа денес соочен со стравот од празот, коалицира со истите оние кои ги нарекуваше предавници, оние кои според ВМРО-ДПМНЕ „не го признаваат македонскиот идентитет“.
Од немај каде Мицкоски денес коалицира со Зијадин Села, човекот кој велеше дека „Македонците се варвари и канибали“, со Села кого сопартијците на Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ на 27 април го нападнаа во Собранието и му нанесоа тешки телесни повреди.
Тие луѓе кои се обидоа да убијат пратеници меѓу кои и Села, Мицкоски до ден денес ги нарекува „уставобранители и чесни луѓе“.
Коалицијата Мицкоски, Села, Гаши е принудна и вештачка и како таква, осудена е на пропаст и нов пораз на изборите.
Граѓаните многу добро знаат како овие тројца политичари функционираа во изминативе години и затоа одново ќе ги казнат и ќе им испорачаат нов изборен пораз.
Граѓаните, масовно ќе застанат зад концептот на СДСМ и коалицијата кој обезбедува напредок и развој на државата и општините.